Аптеката Ефедра е основана во 1999-та година на територијата од општина Карпош. Покрај навременото снабдување со лекови и ортопедски помагала на товар од ФЗО и медицинска козметика за возрасни и деца, одговараме на сите Ваши прашања поврзани со терапијата, нејзиното усогласување и несаканите ефекти. Нудиме бројни услуги за кои можете да се информирате во делот за клиенти, како и изработка на магистрални лекови за индивидуални потреби. Нашата најважна цел се задоволни клиенти и секоја Ваша посета на аптеката или на оваа веб страница нѐ мотивира уште подобро да одговориме на Вашите потреби.