Во нашата современа култура, која е прекумерно загрижена за надворешниот изглед, секој површински дефект може да предизвика бура од непријатности. Понекогаш како и да е, естетскиот проблем може да биде подлабок. Иако на почеток вените кои се наѕираат на површината од кожата се само обичен козметички проблем, тие подоцна можат да прераснат во многу посериозен медицински проблем.
45% од луѓето во Македонија се сочуваат со проширени вени и капилари.
За разлика од ретикуларните вени или вените во облик на пајак, проширените вени вообичаено се предизвикани од хронична венска инсуфициенција, сериозна здравствена состојба која дополнително може да се влошува со компликации како што се:
- Отоци (едеми) на нозете
- Венска улцерација (чиреви)
- Длабока венска тромбоза
Венската инсуфициенција или венскиот рефлукс настанува како последица од проблеми со венските залистоци.
Речиси 1 од 4 возрасни лица има проширени вени. Генетиката игра клучна улога. Примарниот ризик фактор за проширени вени е постоење на член од семејството со истиот проблем. Другите ризик фактори се:
- Женски пол
- Возраст
- Прекумерна телесна тежина
- Бременост
- Пушење тутун
- Долго стоење или седење
Симптоми на проширени вени
Проширените вени, иако се надворешно видливи, не секогаш имаат симптоми. Кога ќе се појават симптоми, тие најчесто настануваат како последица од враќањето на венската крв:
- Тежина во нозете
- Болка, печење или чешање во пределот околу вената
- Променета боја на кожата
- Потешкотии при физичка активност
- Замор во нозете
Дијагноза
Дијагнозата за прв пат ја поставува матичниот лекар, според надворешниот изглед, по што може да даде упат за дерматолог, пластичен или васкуларен хирург.
Конзервативни и фармаколошки опции за третман на проширени вени
Не постои лек за проширените вени. Целта на третманот е олеснување на симптомите и спречување на компликации.
Конзервативни третмани
- Компресивни завои
- Промени во начинот на живот
Фармаколошки третмани
Аналгетици (лекови против болка)
- На пр. парацетамол или ибупрофен
Флеботоници
- Растителни екстракти (на пр. див костен)
- Стандардизирани цитрус биофлавоноиди (на пр. микронизиран диосмин)
- Рутозиди (на пр. рутин, троксерутин, хесперидин, кверцетин)
- Калциум добесилат
- Пентоксифилин
