
КОИ СМЕ НИЕ
Аптеката Ефедра е основана во 1999-та година на територијата од општина Карпош. Покрај навременото снабдување со лекови и ортопедски помагала на товар од ФЗО и медицинска козметика за возрасни и деца, одговараме на сите Ваши прашања поврзани со терапијата, нејзиното усогласување и несаканите ефекти. Нудиме бројни услуги за кои можете да се информирате во делот за клиенти, како и изработка на магистрални лекови за индивидуални потреби. Нашата најважна цел се задоволни клиенти и секоја Ваша посета на аптеката или на оваа веб страница нѐ мотивира уште подобро да одговориме на Вашите потреби.
- Лекови и ортопедски помагала на товар од ФЗО;
- Стандардна медицинска козметика за возрасни и деца;
- ОТЦ лекови, гранични производи, додатоци на исхраната, хербални производи и чаеви;
- Изработка на магистрални и галенски лекови;
Лекови за индивидуални потреби препишани од лекар во рок од 24 часа во градот Скопје и 48 часа испорака до другите градови.
- Програма за инконтиненција;
- Детска програма (Avent);
- Потврда за лекови при патување во странство. Избегнете непријатности со оваа Потврда за лековите кои ги носите со себе при патување;
- Клиентска картичка;
- Online нарачки преку веб странава или по телефон;
- Одредување состојба на кожата со Courage Khazaka анализатор на кожа.