Дали знаевте дека може да нарачате магистрални (галенски) препарати online од Ефедра?
Нова online аптека, малку поразлична од сите останати.
Магистралните препарати се персонализирани лекарства кои се изработуваат од страна на магистер фармацевт во аптека, специјално наменети за индивидуалните потреби на само еден пациент, за точно одредена здравствена состојба.
Се изработуваат во различни облици за внатрешна и надворешна употреба како полуцврсти (масти, креми), емулзии, вагинални таблети и креми, супозитории, раствори и сирупи.
Поради индустријализацијата на фармацевтскиот сектор, денес оваа пракса кај нас е многу ретка и лековите воглавном се продаваат како готови производи.
Како и да е, овој начин за подготовка на лекови сѐ уште игра многу важна улога во дерматологијата, гинекологијата и стоматологијата.
Магистралните (галенски) препарати се основна и суштинска фармацевтска вештина.
Магистралните лекови најчесто содржат активни состојки во пониска или повисока концентрација од готовите препарати, облици или комбинации од активни состојки кои не се комерцијално достапни.
Заради тоа имаат статус на нелиценцирани лекови.
Темелно референцирани рецепти
- стандардизирани формулации
- медицина базирана на докази
- најдолг можен рок на траење
- неколку јачини, според уникатни, индивидуални потреби на пациентите
- добра пракса за подготовка (Good Preparation Practice)
Зошто?
- покриваат терапевтски недостатоци за лекови кои не се достапни на пазарот
- го оптимизираат обликот и начинот на употреба зависно од пациентот
- овозможуваат комбинација на неколку активни состојки во еден препарат, за третман на повеќе симптоми или болести истовремено
- замена на помошните состојки со цел да се спречат евентуални несакани ефекти, на пр. алергија
- прилагодување на дозите од активните состојки за секој пациент
- избор на најсоодветен медиум за максимална апсорпција и терапевтски ефект
Ефедра – персонализирани препарати за индивидуални потреби