Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Дијабетесот е болест која се карактеризира со превисоко ниво на гликоза во крвта поради недоволно производство на инсулин. Исхраната директно влијае врз нивото на гликоза во крвта (гликемија).

Кои се основите на дијабетесот и крвниот шеќер?

Гликозата се добива со внесување храна, пред сѐ јаглехидрати, но и масти и протеини. Крвта ја носи гликозата низ телото до ткивата што бараат енергија, каде што се разложува на АТП, што поттикнува широк спектар на метаболни процеси.

Дијабетес тип 1

Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем ги уништува бета клетките на панкреасот кои произведуваат инсулин, хормон што им кажува на клетките да ја апсорбираат гликозата и да ја користат за енергија.

Дијабетес тип 2

Кај дијабетес тип 2, телото сè уште произведува инсулин, но не доволно за да ги задоволи метаболните потреби, обично затоа што клетките на телото развиле отпорност на тој инсулин.

Како исхраната може да влијае на дијабетесот и шеќерот во крвта?

Исхраната, првенствено јаглехидратите, директно влијае врз нивото на гликоза во крвта. Следствено, диетите со ниски јаглехидрати може да помогнат да се подобри акутната гликемиска контрола и да се намалат вкупните дневни потреби за инсулин кај луѓето со дијабетес, но овие диети честопати се тешки за придржување и се чини дека не се супериорни за долгорочно регулирање на шеќерот во крвта во однос на диетите со висока содржина на јаглени хидрати. Моменталните докази сугерираат дека не постои идеална дистрибуција на макронутриенти или шема на исхрана за луѓето со дијабетес, а исхраната треба да биде персонализирана и индивидуално прилагодена спрема поединецот.

Кои додатоци на исхраната се најинтересни за лицата со дијабетес и висок крвен шеќер?

Се продава широк спектар додатоци на исхраната со здравствени тврдења дека би можеле да ја подобрат контролата на гликемијата, вклучувајќи берберин, цимет, пробиотици, алое вера и женшен.
Исто така, витамините и минералите кои се вклучени во метаболизмот на гликозата и чиј недостаток е поврзан со зголемен ризик од дијабетес, како што се цинкот, магнезиумот, хромот и витаминот Д, сѐ уште побудуваат огромен интерес во контекст на гликемијата.

Подготвивме за вас 3 табели со додатоци на исхраната за тип 1 и тип 2 дијабетес, како и сродниот, метаболен синдром, кои содржат клинички релевантни податоци согласно медицината базирана на докази.

Појаснување за табелите

Интервенција: она што е испитувано (на пр. додаток на исхраната, начин на исхрана или начин на живот).
Здравствен исход: Специфични, мерливи резултати што се испитувани.
Ниво на доказ: Оценката резимира колку би можела интервенцијата потенцијално да биде потенцијално корисна, врз основа на рандомизирани контролирани испитувања. Индивидуалните одговори може да бидат различни!
Тежина на доказ: Бројот на рандомизирани контролирани испитувања, како и вкупниот број на испитаници.
Клинички ефект: Колку голема била промената, откако ќе се сумира во сите сродни испитувања.

Резултати

Според нивото и тежината на доказот, како и интензитетот на клиничкиот ефект, може единствено да заклучиме дека:

  • Рибиното масло предизвикува силно намалување на вкупните триглицериди кај дијабетес тип 2
  • Веганската диета предизвикува значително подобрување на HbA1c кај дијабетес тип 2 и
  • Кетогената диета предизвикува значително намалување на гликемија кај дијабетес тип 2.

Сите останати интервенции треба секако да се земат во предвид, но со одредена доза на резерва, затоа што индивидуалните одговори на секое лице со дијабетес може да бидат различни. Се разбира, секогаш да се има на ум и тоа дека додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за персонализирана и индивидуално прилагодена исхрана кај лицата со дијабетес.

Тип 1 дијабетес

Ниво на доказ за клинички ефект од суплементација според достапни рандомизирани контролирани испитувања
ИнтервенцијаЗдравствен исходНиво на доказТежина на доказКлинички ефект
Коензим Q10ТриглицеридиB2 студииЛесно подобрување
МагнезиумКрвен притисокC1 студијаЗначително смалување
МагнезиумГликемијаC1 студијаЛесно смалување
МагнезиумДијабетска невропатијаC1 студијаЛесно подобрување
Витамин Д3Ризик за кардиоваскуларни болестиC1 студијаЛесно подобрување
ХромГликемијаC1 студијаЛесно смалување
Кетогена диетаСлободни масни киселиниC1 студијаСилно зголемување
L-КарнитинГликемијаC1 студијаЛесно смалување
СтевиаКрвен притисокC1 студијаЛесно смалување
ТауринКрвен протокC1 студијаЗначително зголемување
Витамин EКрвен протокC1 студијаМешан ефект

Тип 2 дијабетес

Ниво на доказ за клинички ефект од суплементација според достапни рандомизирани контролирани испитувања
ИнтервенцијаЗдравствен исходНиво на доказТежина на доказКлинички ефект
5-HTPАпетитС1 студијаЗначително намалување
16:8 интермитентно постењеГликемијаС1 студијаЛесно намалување
AmlaГликемијаС1 студијаЗначително намалување
JiaogulanГликемијаВ2 студииЗначително намалување
L-КарнитинC-реактивен протеин (CRP)В3 студииЗначително намалување
RoselleКрвен притисокС1 студијаЗначително намалување
Salacia ReticulataГликемијаС1 студијаЗначително намалување
Tribulus TerrestrisГликемијаС1 студијаЛесно намалување
Yerba MateГликемијаС1 студијаЛесно намалување
Алфа липоинска киселинаHbA1cВ2 студииЛесно подобрување
АргининАдипонектинС1 студијаЛесно зголемување
АронијаГликемијаС1 студијаЛесно намалување
Артичока екстрактLDL холестеролС1 студијаЛесно подобрување
АстаксантинФруктозаминС1 студијаЗначително намалување
АшвагандаВкупен холестеролС1 студијаЗначително подобрување
БерберинГликемијаВ2 студииЛесно намалување
БиотинТриглицеридиС1 студијаЛесно подобрување
ВанадиумГликоген резинтезаС1 студијаЛесно подобрување
Веганска диетаHbA1cA4 студииЗначително подобрување
Витамин Б1Крвен притисокС1 студијаЛесно намалување
Витамин Д3Контрола на гликемијаВ2 студииЛесно подобрување
Витамин ЕКрвен протокС1 студијаМешан ефект
Гинко билобаПротеинуријаС1 студијаЗначително подобрување
Горчлива краставицаГликемијаС1 студијаЛесно намалување
Грчко семеГликемијаВ2 студииЛесно намалување
Дива шимширкаHbA1cС1 студијаЗначително подобрување
Зелен чај екстрактКонтрола на гликемијаС1 студијаЛесно подобрување
Јаболков оцетГликемијаВ2 студииЛесно намалување
Какао екстрактКрвен протокВ2 студииЗначително зголемување
КанабисНевропатски симптомиС2 студииЛесно подобрување
КафеАдипонектинС1 студијаЛесно зголемување
Кетогена диетаГликемијаA3 студииЗначително намалување
КефирГликоза на гладноВ2 студииЛесно намалување
Коензим Q10Контрола на гликемијаВ2 студииЗначително подобрување
КолострумГликемијаС1 студијаЛесно намалување
Конјугирана линолеинска киселинаМускулна масаС1 студијаЛесно зголемување
КоприваАнтиоксидативни ензимиС1 студијаЛесно зголемување
Корејски жен-шенГликемијаС2 студииЛесно намалување
КофеинКрвен притисокС1 студијаЛесно зголемување
КреатинКонтрола на гликемијаС1 студијаЛесно подобрување
КуркуминАдипонектинВ3 студииЛесно зголемување
Маслинов лист екстрактHbA1cС1 студијаЛесно намалување
Масло од шафранчеC-реактивен протеин (CRP)С1 студијаЛесно намалување
МорингаГликемијаС1 студијаЛесно намалување
Палео диетаИнсулинС1 студијаЗначително намалување
ПикногенолГликемијаВ2 студииЛесно намалување
Протеин од суруткаИнсулинС1 студијаЛесно зголемување
ПсилиумГликемијаВ3 студииЛесно намалување
РесвератролКонтрола на гликемијаВ2 студииЛесно намалување
Рибино маслоТриглицеридиA13 студииСилно подобрување
Семки на грозје екстрактC-реактивен протеин (CRP)С1 студијаЛесно намалување
СпирулинаHDL холестеролВ2 студииЛесно зголемување
СтевиаКрвен притисокС1 студијаЛесно намалување
Тетрадецил тиоацетична киселинаКрвен притисокС1 студијаЛесно намалување
Триглицериди со средни синџириКонтрола на гликемијаС1 студијаЛесно подобрување
ХромГликемијаB15 студииЛесно намалување
ХромФруктозаминB2 студииЛесно намалување
ХромИнсулинB8 студииЛесно зголемување
ЦинкIGF-1С1 студијаЛесно намалување
ЦитрулинЛипидна пероксидацијаС1 студијаЛесно намалување
Црно семеHbA1cС1 студијаЛесно подобрување
Чиа семеГликемијаС1 студијаЛесно намалување
ШафранГликемијаВ5 студииЛесно намалување
ШипкаКрвен притисокС1 студијаЛесно намалување

Метаболен синдром

Ниво на доказ за клинички ефект од суплементација според достапни рандомизирани контролирани испитувања
ИнтервенцијаЗдравствен исходНиво на доказТежина на доказКлинички ефект
16:8 интермитентно постењеКрвен притисокC1 студијаЛесно намалување
L-КарнитинКрвен притисокB3 студииЛесно намалување
L-КарнитинГликемијаB3 студииЛесно намалување
L-КарнитинОбем на струкB2 студииЛесно намалување
RoselleКрвен притисокC1 студијаЗначително намалување
Алфа липоинска киселинаВоспалениеC1 студијаЛесно намалување
БерберинГликемијаC1 студијаСилно намалување
БетаинХомоцистеинB2 студииСилно намалување
БоровинкаКрвен притисокC1 студијаЛесно намалување
Веганска диетаКонтрола на гликемијаB2 студииСилно штетна
Витамин Б3HDL холестеролC1 студијаСилно зголемување
ГрејпфрутКонтрола на гликемијаC1 студијаЛесно подобрување
Зелен чај екстрактОпшта оксидацијаC1 студијаЛесно намалување
ИнозитолКрвен притисокB3 студииЛесно намалување
Какао екстрактLDL холестеролB2 студииЛесно подобрување
Кетогена диетаТриглицеридиC1 студијаСилно подобрување
КефирКрвен притисокB3 студииЛесно намалување
Конјугирана линолеинска киселинаТриглицеридиC1 студијаСилно штетна
Корејски жен-шенГликемијаC1 студијаЛесно намалување
КуркуминLDL холестеролB2 студииЛесно подобрување
ЛукКрвен притисокC1 студијаЗначително намалување
Маслинов лист екстрактКрвен притисокC1 студијаЗначително намалување
Палео диетаКрвен притисокC1 студијаЗначително намалување
Семки на грозје екстрактКрвен притисокC1 студијаЛесно намалување
СпирулинаТриглицеридиB2 студииЗначително подобрување
ХесперидинКрвен протокC1 студијаЗначително зголемување
ХромГликемијаB2 студииЛесно намалување
ЦинкАнтиоксидативни ензимиC1 студијаЛесно зголемување
Црно семеLDL холестеролC1 студијаЛесно подобрување
ШафранГликемијаB2 студииЛесно намалување